А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Лас Вегас промовиран Лајонс Европа форум „Скопје 2018“

by А1он03/07/2018 - 18:51160
Share0

Во американскиот град Лас Вегас, каде од 29 јуни до 4 јули се одржува 101-та Интернационална конвенција на лајонс клубовите од светот, денеска посебен промотивен настан приредија членовите на македонската делегација предводени од Соња Бојаџиева, прв човек на македонските лајонси.

Добивај вести на вибер

Пред лајонсите од светот Бојаџиева ги претстави хуманитарните активности, донации и акции кои ги реализирал македонскиот Лајонс Дистрикт 132, како и подготовките на македонските лајонси за претстојниот Лајонс Европа форум кој од 25-ти до 27 октомври ќе се одржи во Скопје.

– Во Лас Вегас, пред лајонсите од светот ги претставив сите досегашни активности што сме ги направиле во Македонија и упатив посебна покана да бидат наши гости на големиот европски собир кој од 25-ти до 27 октомври ќе се одржи во Скопје. Презентацијата беше исполнета со филмувана проекција поврзана со убавините и реткостите на Република Македонија, со можностите на градот Скопје, но и на Охрид, Битола и други македонски градови во кои очекуваме наесен да уживаат нашите гости од цела Европа, посочи Бојаџиева, која е новоизбран гувернер на Лајонс Дистрикт132 Македонија.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен