Во Гостивар ќе се отвара Центар за млади

Од:

Општина Гостивар во соработка со невладината организација Демокраси Лаб (Democracy Lab) ќе отворат Центар за млади во кој младите гостиварци ќе добиваат помош за нивниот развој на личен и професионален план.

Обврските околу отварањето на идниот центар за млади локалната самоуправа ги стави во меморандум за соработка, кое го потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и Сефер Селими директор на Демокраси Леб.

-Основната цел на овој ценатр е развој на заедницата, поголема социјална кохезија, создавање на генерации на граѓани кои се активни и свесни за нивните одговорности и права. Предрасудите и спречувањата на насилствата во било која форма меѓу младите ќе се решаваат во овој центар со промовирање толерантно општество и мултикултурните вредности, изјави Сефер Селими директор на Democracy Lab.

Градоначалникот Таравари истакна дека оваа иницијатива заслужува поддршка и дека локалната самоуправа е подготвена во иднина целосно да го преземе финансирањето на проектот функционирање на центарот.

Отворањето е планирано за наесен и во него ќе се спроведуваат програми и проекти за поддршка за градење кариера, претприемништво, за лидерство, а во него ќе се одржуваат креативни, културни настани и воннаставни активности за учениците.

Финансиска поддршка за отварање на Центарот за млади во Гостивар е обезбедена од Амбасадата на САД во Македонија.