А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија

by А1он10/02/2013 - 13:3010/02/2013 - 13:3291
Share0

Амбасадата на руската Федерација во Република Македонија според востановената традиција денеска во Битола го одбележа Денот на руската дипломатија.

Добивај вести на вибер

Програмските активности на амбасадорот Олег Николајевич Шчербак беа одбележани со прием кај градоначалникот Владимир Талески, а потоа двајцата заедно со општински делегации положија цвеќе на споменикот Руски крст, издигнат во чест на некогашниот рускиот дипломат и конзул во Битола, Александар Аркадјевич Ростковски.

– Денешниов ден е Ден на дипломатските работници и како што е познато повеќе од 10 години овој празник го одбележуваме во Битола, град кој одиграл историски важна улога во зацврстувањето на руско-македонските односи. Тука во Битола пред 150 години беше отворено првото руско дипломатско претставништво на Балканот, истакна амбасадорот Шчербак.

На средбата со битолскиот градоначалник Талески, рускиот амбасадор бил информиран за стопанската понуда на Битола и поволностите за странски инвестиции во оваа општина.

– Информиран сум за поволностите за странски инвестиции и ќе ги запознаам бизнисмените од Русија за оваа можност. Со Талески разговаравме и за гасификацијата и за вклучувањето на Македонија во „Јужен Тек“ како долгорочен проект. Во наредниот приод ќе ја мотивираме и соработката меѓу битолскиот со еден руски регион, потврди Шчербак.

Според градоначалникот Талески соработка со градови и региони во Русија ќе биде интезивирана затоа што има длабоки пријателски врски меѓу двата народи.

– Заеднички можеме да направиме повеќе. Индустриската зона „Жабени“, гасификацијата на општина Битола и други можности се пред нас бидејќи рускиот амбасадор има прекрасни идеи поврзани со нашиот град. Ќе соработуваме со Пушкинскиот регион и ќе организираме наша презентација со која ќе ги доближиме тамошните инвеститори да бидат до нас. Средбата со рускиот амбасадор ја оценувам како исклучително важна и продуктивна, посочи Талески.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен