Во Белград е уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега

Од:

МВР извести дека во Белград е уапсен Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 9.1.2026.

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Имено 18-годишникот на ул. „Народен фронт“ во Скопје пред три дена со автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удри во Љ.Ј.(79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а Саитов со возилото избега од местото на настанот.

Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнаа на Саитов да побегне, откако беше осомничен за за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.

Со автомобил „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дојдоа до домот на осомничениот Саитов веднаш по сообраќајната несреќа, го земаа заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренесоа во Република Србија. Таму ги оставија, по што помагачите се вратија во Македонија.

Јавниот обвинител, со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје.

Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.

Би можело да ве интересира

Обвинение за мажот и жената кои помогнаа Саит Саитов и татко му да побегнат од државата

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он