ВМРО-НП: Влегуваме во битка да ја спасиме државата

Од:

ВМРО-НП реагира, како што велат на фалбите за наводни успеси на владата, во петочниот отчет на Груевски.

„Официјално, според извештајот на Светска банка Република Македонија е во друштво со светските рекордери на извоз, на емигранти, во друштво со Палестина, со појасот Газа. Господо од власта, господо од ДПМНЕ, имате должност и кон народот и кон државата и кон Бога, барем еднаш да и погледнете на вистината в лице и да се спуштите во реалноста“, посочи Ване Цветанов.

Реалноста е , рече 450 000 разочарани иселени граѓани до 2010 година, а според нивни извори извори до денес се иселиле повеќе од 550 000 лица од државата. Ваквиот одлив на население е најточната анкета, и најсилниот доказ за неуспесите на оваа влада, смета ВМРО-НП.

„Претседателот на ВМРО Народна партија, Господинот Љубчо Георгиевски, како и за многу други работи, од многу одамна, и во многу наврати опоменуваше за демографската катастрофа која и се заканува на Македонија. ВМРО народна партија влегува во битка со неодговорната влада на ДПМНЕ, но не за власт, како што велат тие, туку со една единствена цел, да ја спасиме државата и народот од нив, кои веќе ја донесоа Македонија на ист ранг со Палестина“, рече Цветанов.