ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се извини на медиумите за недоличното однесување

Од:

„ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува односот на власта кон медиумите и попречувањето на фоторепортерите професионално да ги извршуваат службените задачи. Заканите и навредите кон медиумите се закани кон јавноста и го покажуваат немањето демократски капацитет на владејачката гарнитура“-стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат премиерот Зоран Заев веднаш да се извини на медиумите за недоличното однесување кон професионалците кои само ја вршеле својата работа информирајќи ја јавноста.

-Премиерот Зоран Заев мора веднаш да го смени својот советник за медиуми кои со закани и потценувачки однос се обиде да ги замолкне и заплаши новинарите. Само со преземање на овие чекори Премиерот Зоран Заев ќе покаже дека сериозно се залага за медиумските слободи-завршува во соопштението.