ВМРО-ДПМНЕ: За Заев е несфатливо како некој може да работи бесплатно за државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„Евро Заев освен што е синоним за криминал тој станува единица мерка за лажење.

Тој преку невести и манипулативни обиди сака да се оттргне вниманието од распродавањето на државата, и пазарењето со честа и достоинството на државата.

Додека Евро Заев се прикажува за душегрижник, картелот на власт прави милионски криминали.

За Зоран Заев е несфатливо дека некој може да работи бесплатно про боно за државата затоа што единствено што го интересираат Евро Заев се парите провизиите и матните бизниси на Вицето.

Мицкоски е најголемата преокупација на СДСМ, но и нивен најголем страв. Македонија е на нозе, и народот се буди. Стратегијата за колективна депресија која ја наметнува криминалната власт на СДСМ е неуспешна и доживува фијаско. Ќе дојде ден кога за сето ова власта на СДСМ и криминалите на Евро Заев ќе се одговара“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.