Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра.
Власта се богати, додека Данела Арсовска која е миленичето на СДС менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра. Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на нова крими коалиција Арсовска – СДС“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.