„Зоран Заев залудно потроши стотици илјади евра за еднодневна журка за прослава со која што промената на името на Република Македонија требаше да го претстави како успех. Зоран Заев и Роберт Алаѓозоски мора да понесат одговорност за стотиците илјади евра истрошени на приватна забава со која што капитулантскиот договор со Грција требаше да биде прославен како победа“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ Власта наместо да се расфрла со парите на граѓаните за скапи журки, треба да инвестира во нови болници, медицински апарати, школи, студентски домови и други капитални инвестиции.
„Заев и Алаѓозоски лажат дека фрлиле само 200 илјади евра низ вода. Сумата е многу повисока. Една недела и беше потребна на власта за да смисли лага и да го покрие расфрлањето со парите на граѓаните. Сите обиди за претставување на капитулацијата како победа завршија неславно. Народот ја прочита намерата на власта и го сврте грбот“ – се вели во соопштението.
