ВМРО-ДПМНЕ: Со нас пензионерите ќе добиеја дополнителни 7600 денари

Од:

СДС и нивните пион партии безобразно и крајно дрско се обидуваат да ги манипулираат македонските пензионери.

Владата на СДС наместо планираното покачување од 5% предвидено од ВМРО-ДПМНЕ за пензионерите, издвојува само 180 денари, со што истите ги оштетува за поголема сума на пари.

СДС и медиумите под нивна контрола се обидуваат да креираат слика во јавноста дека покачувањето на ВМРО-ДПМНЕ е еднократно, а тоа на СДС месечно, ова е потценување на интелегенцијата на пензионерите, за кои од СДС очигледно мислат дека не разбираат ништо.

Владата на СДС ги покачува пензиите за 180 денари, што на годишно ниво е 2.160 денари, доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, ќе се реализираше најавеното покачување од 600 денари, со што пензионерите на годишно ниво ќе добиеја дополнителни 7.600 денари.

Владата на СДС без грам срам годишно од џебот на пензионерите зема цели 5.440 денари, пари кои ќе останеа кај пензионерите доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Пензионерите гледаат дека СДС кон нив се однесува со потценување и со невидена дрскост. СДС и нивните пион партии ги излажаа пензионерите и оштетија пензионерите.

Пензионерите и граѓаните ја гледаат манипулативната политика на СДС. За ваквиот потценувачки однос, СДС ќе биде казнет од страна на граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.