ВМРО-ДПМНЕ се закани пред ДИК: Ќосето е жив

Од:

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред ДИК додека Комисијата расправа за приговорите од партиите за изборни нерегуларности. Тие велат дека сакаат да спречат да биде украдена изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќосето е жив“, извикуваа насобраните.

Пратеникот Илија Димовски рече дека Државната изборна комисија ја има најголемата одговорност во моментот.

„Од нив зависи дали оваа држава ќе биде нормална, стабилна и просперитетна. Да не се опуштаат и да не мислат дека овој народ има сила да толерира повеќе. Немаме сила за толеранција, но имаме сила да ја почитувам демократијата, да го почитуваме гласот на народот, нема враќање назад, остануваме до крај“, рече Димовски.

„Вечерва Државната изборна комисија има избор или да ја признае волјата на народот, или да се соочи со гневот на народот. Ние не сакаме немири, ние не сакаме проблеми само сакаме да ни се признае тоа што го заслуживме, победата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Антонио Милошоски.

„Добија министри, добија заменици министри, добија ад-хок тело за цензура кое казнуваше само одредени медиуми за искажан став во 2016-та како никаде во светот. Изминативе 8 години ја имаа ДИК, можеа да го бројат избирачкиот списо:к, измислуваа фантоми, ДИК на СДСМ утврди дека ќе има дури и повеќе избирачи. Лажеа дека во Македонија избегале 600 илјади луѓе, а во дијаспората не добија ни 1000 гласови. Народот одлучи победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

Во тетовско и гостиварско за нас гласаа дури и симпатизери на СДСМ. Поранешни генерални секретари, заменици претседатели, носители на изборни листи на државно ниво кои не ги поддржаа на овие избори. Нашата победа во ИЕ6 е чиста како солза. Знаеме за минатите избори како се одвиваа, во 2004-та во вториот круг на претседателските избори. Тогаш бев во општинска комисија, имаше резултати како 600-700 према 0.

Претседател на ДИК беше Стево Пендаровски и стотина приговори не ни беа прифатени, а жени за коси беа влечени од избирачки места. Одлуките на ДИК ги нема никаде во светот. Ако на некој не му се допаѓа оваа лакрдија што немаме резултати три четири дена нека се чуе едно големо УА. Разликата беше тесна, но 20.000 гласови не се малку. Секаде во светот поразените и за разлика од под 1% веднаш си честитаат, да покажеме дека ја цениме демократијата во Македонија. Остануваме тука додека не го одбраниме правото на глас“ говореше Влатко Ѓорчев.