Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјаснува каков е ставот за референдумското прашање, иако нивниот лидер Христијан Мицкоски, вчера се огласи со барање средствата за кампања да се пренаменат за, како што рече, поитни работи. Денеска завршува рокот за изјаснување на пратеничките групи, и се чека официјален став од Собранието колку се изјасниле „за“ или „против“ референдумското прашање. Како што дознаваме, пратениците на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците и Беса ќе учествуваат во кампањата и ќе водат позитивна кампања за објаснување на предностите од позитивен исход на референдумот на државно ниво кој ќе се одржи на 30.септември 2018 година.
Собранието, во петокот објасни дека спикерот Талат Џафери нема да дели пари на рака на пратеници за да водат кампања, туку пратеничките групи пропорционално, ќе добијат медиумски простор кој ќе го закупи Собранието како овластен предлагач.