ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави пустош во економијата

Од:

СДС безобразно лаже и се обидува да ја манипулира јавноста со млатење празна слама. СДС неможе да го негира фактот дека поимот сиромаштија и невработеност се нивен изум, благодарение на транзицијата која ја спроведе СДС Македонија долги години имаше стапка на невработеност од 38%, која ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја намали на историски најниски 22.9%, се цели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ оставиле пустош во економијата и причината поради која државата долги години се соочуваше со енормна невработеност и сиромаштија се токму тие и никој друг.

„Токму затоа СДС изгуби на претходните избори, а ќе изгуби и на претстојните. Граѓаните се револтирани од игнорантскиот однос на СДС и нивната негрижа за државата, тоа е нивна ментална матрица од која никогаш не излегоа. Токму затоа СДС не се грижи за граѓаните и развојот на државата, а единствено за нивните тесно партиски интереси“, се додава во партиското соопштение.

Опозициската партија смета дека граѓаните  наместо деструкција и уназадување на растот и развојот на државата, ги очекуваат ветените 16,000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта, 15% поврат на ДДВ и како што ветија 30.000 денари на крајот на годината за секое семејство од тоа, а лекарите очекуваат плата од 100.000 денари.