ВМРО-ДПМНЕ: „Патлиџан дипломатијата“ ги понижи Македонија и македонскиот народ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ кое што се однесуваше на прес-конференцијата на Владо Мисајловски.

„’Патлиџан дипломатијата’ на Зоран Заев и СДСМ ја понижи Република Македонија и македонскиот народ.

Зоран Заев и СДСМ се откажаа од името, од нацијата, од идентитетот, и македонското малцинство

Во срамниот и капитулантски договор грубо го се прекршува Уставот на Република Македонија.

Никаде во договорот не стои дека се потпишува во името на државата Република Македонија, ниту пак во името на граѓаните на Република Македонија или пак дека некој се овластува во името на Владата на Република Македонија да се потпише ваков договор или спогодба односно самиот збор Република Македонија го нема никаде во овој договор.

Владата и министрите не се способни ниту да ги завршат реформите кои им ги ветија на граѓаните и тоа беше една од причините за кои Република Македонија не доби датум за преговори со Европската Унија.

Картелот на власт предводен од Зоран Заев и СДСМ преку Криминал и корупцијата владеат во Македонија.

Оваа криминална влада мора да падне, Република Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.