ВМРО-ДПМНЕ носи членови од Битола за пред Уставен суд

Од:

Иако Стевче Јакимовски најави контра-протест, сепак ВМРО-ДПМНЕ стои зад организирањето и носењето луѓе пред судот.

Вечерва во Битола ВМРО-ДПМНЕ организира поаѓање на своите членови за Скопје за да се приклучат на контра-протестот пред Уставен суд.

Пораките се праќани по почетокот на протестот кој го поддржа опозицијата на кој се приклучија неколку илјади луѓе, односно откако се увиде дека бројката на тие што се против одлуката на Уставниот суд да дозволи амнестија на педофили и изборен криминал е поголем од тие што ја бранат оваа одлука на Уставниот суд.