ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ се обиде да прикрие убиство.
За Оливер Спасовски и Зоран Заев бруталниот напад врз младиот Никола Саздовски беше само обично насилство, иако неговиот живот беше доведен во опасност провладините медиуми и новинарите од доверба на Зоран Заев ја манипулираа јавноста дека инцидентот бил измислен.
Оливер Спасовски позираше пред автомобил изгребан од мачки, а се крие да соопшти детали зошто случајот е квалификуван како насилство и каде се останатите сторители.
Еден млад живот згасна благодарение на неспособноста на Спасовски и коалицијата на СДСМ со криминалот. Лицемерното изразување на сочуство нема да го врати младиот Никола Саздовски, ниту ќе помогне за подобрување на безбедноста.
Се додека Заев и Спасовски се на власт, пајаци ќе претепуваат полициски службеници, а инцидентите ќе остануваат нерасчистени.
Се додека Заев и Спасовски се на власт, млади како фудбалерот Мартин Јанушев ќе бидат брутално ликвидирани на улица, а по сторителите ќе се трага со месеци.
Се додека Заев и Спасовски се на власт криминалци ќе бидат пуштани на слобода, а политички ќе бидат прогонувани, уметници, режисери и видни личности кои не ги делат истите гледишта со нив.
Со Заев и Спасовски на власт, загрозени се животите на сите граѓани. Затоа не е време за лицемерие, туку за оставки“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.