ВМРО-ДПМНЕ: И покрај уцените и притисоците, дебакл на митингот на СДСМ

Од:

Граѓаните му свртеа грб на Заев и Пендаровски. Пендаровски и Заев мораа да носат полупразни автобуси од цела Република Македонија за да го пополнат колку толку просторот пред бината од која ги лажеа дојдените активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по централниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Граѓаните не излегоа на митингот на СДСМ, туку само мал број партиски активисти. Митингот на СДСМ денес е најголем дебакл на оваа партија и доказ дека граѓаните се против антидржавните политики, против криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, деградираното образование и здравство.

И покрај сите притисоци закани и уцени граѓаните одлучија да не излезат на митингот и да не дадат поддршка за антидржавните и криминални политики на власта.

Слабата посетеност на митингот во Скопје е знак дека Заев си заминува.

Вчерашниот грандиозен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и денешниот слаб митинг на Зоран Заев се доказ дека СДСМ губи во недела. Зоран Заев и Стево Пендаровски денес добија јасна порака од граѓаните во недела Пендаровски губи и од тоа нема назад, реаираат од ВМРО-ДПМНЕ.