ВМРО-ДПМНЕ дели предизборни вреќи со брашно

Од:

Вреќи со брашно на граѓани се делат во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Маџир маало, обвини денеска пратеникот Јани Макрадули.

Во општина Центар, актуелниот градоначалник на оваа општина Владимир Тодоровиќ има противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ кој се кандидирал преку партијата на Лазе Еленовски. Токму тој вчера делел брашно во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во населбата Маџир маало – тврди Макрадули.

Пратеникот на СДСМ нагласува дека граѓаните во партискиот штаб доаѓаат со празни торби, а од таму си заминуваат со кеси брашно, што според него, претставува класичен поткуп на граѓаните.