Доказ дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се грижат за граѓаните и нивните потреби е и поднесувањето на предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште. Основната и единствена причина за поднесување на овој предлог закон е поради тоа што голем број на граѓани не биле во можност да го остварат своето право за приватизација на неизградено земјиште, а исто така не поднеле ниту пријава за промена на правото на користење во право на сопственост во рокот до 15 јуни 2016 година, изјави пред Министерство за финансии, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бевме сведоци како СДС се расфрлаше со разно разни ветувања како тие работат за доброто на граѓаните, затоа сега е моментот кога тие ќе можат да се покажат на дело. Доколку СДС се однесува и постапува зрело нека го прифати овој предлог за дополнување на законот. Од името на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бараме и од министерот за финансии да го поддржи овој предлог на закон затоа што така ќе излезе во пресрет на граѓаните, а исто така ќе има приходи во буџетот на Република Македонија. А, ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е на власт или во опозиција и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и нивните потреби“, додаде Ласовска.