Влошена здравствената состојба на професорите што штрајкуваат со глад

Од:

Професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски веќе 14 дена штрајкуваат со глад, незадоволни што спротивно на препораките на рецензентската комисија, Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип не ги унапредува во повисоко звање.

Нивната здравствена состојба е влошена, професорите имаат тахикардија, вртоглавици и зголемено ниво на шеќер во крвта како што утврдила лекарската екипа која денеска морала да интервенира кај тројцата професори.

Од вторникот нив им се придружија уште 50-тина професори и наставници од раководството на Синдикатот за образование, наука и култура.