Владата предлага со 61 глас да се измени законот за избирање на ДИК за кое треба 81 глас

Од:

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се бира со апсолутно наместо со двотретинско мнозинство. Владата бара измените да се гласаат по скратена постапка. Предлогот е да се измени изборниот закон и тоа делот каде што е пропишано дека ДИК се избира со 81 глас, а ваквата измена на одредбата за двотретинско мнозинство, да се измени со 61 глас.

Пред еден месец беше објавен оглас за нови членови на ДИК.