Владата потврди дека на вечерашната 20-та седница го усвоила текстот на Законот за употреба на јазиците кој произлегува од усогласувањето на националната програма за усвојување на правото на Европската Унија.
Со седницата претседаваше заменичката претседателка на владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Откако законот ќе биде усвоен во Собранието на Република Македонија, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои не се дел од овој закон, до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија.