На денешната седница Владата на РМ ја разгледа и усвои Информацијата за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од Буџетот на Република Македонија.
Оваа одлука е донесена врз основа на барањето на Општина Центар за пренамена на преостанатите 83,5 милиони денари, од вкупните 3,5 милијарди денари предвидени за изградба на фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури. Општина Центар побара да се изврши измена и дополнување на намената на одобрените, а неискористени средства од Буџетот на Република Македонија и истите да бидат наменети и за плаќање на доспеани обврски за изградба на мостови и катна гаража, како и за изградба и реконструкција на друга инфраструктура согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Центар Скопје.
