На вечерашната владина седница Владата го усвои предлогот за измени на Законот за минимална плата со кои таа ќе биде 12.000 денари. Од утре предлогот ќе влезе во собраниска процедура, објави министерката за труд и социјална заштита, Мила Царовска.
„Честитки до работниците, вечерва Владата усвои предлог за измени на Законот за минимална плата – од утре процедура во Собрание. 12.000 денари“, напиша Царовска на Фејсбук.