А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада на РМ: Тендерот за хортикултурно одржување се однесува за 20 државни објекти низ целата држава за период од 3 години

by А1он22/08/2018 - 18:23259
Share0

Станува збор за набавка која опфаќа период од 3 години и помеѓу другото предвидува ангажман на 25 лица, а се однесува на набавка на услуги за точно 20 објекти во државна сопственост.

Добивај вести на вибер

Сметаме дека информациите пласирани во јавноста од одредени медиуми во кои се наведува дека се работи за „набавка на цвеќе„ се целосно погрешна интерпретација на техничката спецификација и далеку од вистинити.

Во тендерската спецификација дополнително јасно наведено кои се услуги се набавуваат, со цел јавноста да биде целосно информирана ги наведуваме:

– Секојдневно одржување и уредување континуирано и во најкраток можен рок ќе се врши отстранување на настанатите ситуации кои настануваат во текот на одржувањето.
– Редовно одржување на садници и обновување со нови, саксиски растенија, жардињери и сезонски расад, наводнување, заштита од штетници, ѓубрење, прихранување, окопување, плевење, кроење, фрлање на откроените гранки, мулчирање и сл.
– Целосна замена на исушени и оштетени садници, саксиски растенија, сезонски расад, украсни грмушки, дрва и трева до 100% од вкупниот број на садници и површината под трева.
– Редовно одржување на тревни површини – косење трева, фрлање на откос, наводнување, прихранување, плевење, собирање на отпадоци и листови од тревни површини и сл.
– Сечење на грмушки, кроење на грмушки и други садници, кроење и сечење на гранки, кастрење на жива ограда и обликување, тресење на грмушки и дрва од снег.
– Сечење и отстранување на зеленило по ивици, агли и помеѓу фуги на патеки, плато и други површини.
– Изнесување на откосот, гранките и друг отпад кој е производ од хортикултурното одржување и уредување, надвор од објектот на локација предвидена за таков вид намена.
– Поправка и одржување на постоечки систем за наводнување во објектот Вила 1 (цевна инсталација, вентили, прскалки, електрична инсталација, шахти, капаци, ел. магнетни вентили, мануелно и управување со тајмер, автоматика итн.)

Набавката е јавно објавена на транспарентен начин, а јавноста ќе биде соодветно информирана по завршување на целата постапка за истата.

Овој вид на набавка не е воопшто нов, туку станува збор за набавка која се прави со години наназад, а услугите биле дел од тоа што на јавноста и е познато како „Секјуриком тендер„ во кој биле споени четири различни набави односно покрај хортикултурно уредување содржела и хигиена и чистење како и обезбедување на објекти. Службата за општи и заеднички работи со раздвојување на набавките прави оптимално и домаќинско користење на буџетот кој го има на располагање.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен