Судот денеска одреди вкупно 81 година затворски казни за седуммината обвинети за нападот на пратеникот Зијадин Села. Тие се осудени за кривичното дело убиство.
За обид за убиство на Села, обвинетиот Кире Ѓорѓиевски е осуден на 13 години, а иста казна доби и Александар Јаневски – Тошта. Половина месец повеќе, односно најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.
Обвинителот Дарко Јакимовски побара притвор до правосилноста на пресудата, поради можност за бегство. За двајца од осудените побара да им биде дозволен куќен притвор, поради влошената здравствена состојба.
Некои од сега осудените, за време на инцидентот, го собориле Села на подот и го газеле и гмечеле со што дополнително предизвикале чувство на несигурност кај присутните.
Самиот влез во Собранието и нападот над пратеник, носител на законодавната власт е отижителна околност, а пак слободното движење низ законодавниот дом е доказ дека осудените свесно влегле внатре. Дејствијата преземени од Александар Јанески и Никола Војминовски со извлекувањето на пратеникот Села се клучните според судот, бидејќи ако не се случило тоа, тогаш, немало да има напад врз пратеникот. За Кире Ѓорѓиевски, според судот, најотежителна околност е што го удрил Села во пределот на главата, кога оштетениот не давал знаци на живот.
Васко Маглешов