Високите темепратури ќе траат, до крајот на следната недела портокалова фаза

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната темепратура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Аларм во Грција: Голема опасност од невреме, останете во затворени простории

Горан Наумовски

Итно предупредување во Грција: Се очекува страшно невреме

ВИДЕО: Невреме во Грција влечеше автомобили во морето, Крит повторно поплавен

Жарко Настоски

ВИДЕО: Бурата „Јанос“ ja однесе плажата „Ерусалим“ на Кефалонија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Циклонот беснее во Грција, јахти удираат во карпите

Ана Ололовска