• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Викторија Нуланд го посети и ПЦ „Винојуг“ кај Гевгелија

by А1он10/03/2016 - 15:0181
Share0

 Помошник секретарот за европски и евроазиски прашања на Стејт Департментот на САД Викторија Нуланд денеска го посети прифатниот центар „Винојуг“, каде што непосредно се запозна со предизвиците со кои се соочуваат македонските власти и условите во кои живеат мигрантите.

Добивај вести на вибер

За време на посетата на „Винојуг“, како што соопшти МВР, Нуланд имала средба со директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, на која се разговарало за актуелната состојба со мигрантската криза, идни решенија за избегнување на тензичните ситуации на границите долж балканската рута, регистрацијата на мигрантите, можните начини за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови на сите засегнати земји од мигранстката криза. Се разговарало и за хуманитарниот аспект на мигрантската криза
– На состанокот беше изјавено дека САД ги поздравуват напорите за решавање на мигрантската криза и продолжуваат да ги охрабруваат координирааните и целосните решенија кои се фокусирани почитување на човековите права  на мигрантите како и промовирање на правилни и хумани миграциски политики, соопшти МВР.

За време на посетата на прифатниот центар, Нуланд се сретнала и со претставници на неколку меѓународни и невладнини организации.

Американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Нуланд претходно денеска го посети кампот за бегалци во Идомени.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Нуланд пристигнала во кампот во 10:30 часот по локално време и била информирана од страна на членови на УНХЦР и Доктори без граници за ситуацијата во кампот.

Таа заминала од Идомени без да даде коментар.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен