(ВИДЕО)Шеќеринска:Ќе ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари

Од:

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, по средбата со граѓаните на Велес рече дека, и денеска во Велес ги слушаме истите заложби, истите барања и истите поплаки од граѓаните кои ги слушаме низ цела Македонија, атоа е, дека се поголем и поголем е бројот на млади кои засекогаш ја напуштаат својата татковина.
Еве ја изјавата на Шеќеринска:

Најголемиот дел се соочуваат со проблемот број еден во нашата држава, а тоа е невработеноста.

Но дури и оние коишто ќе успеат да добијат работно место мака мачат да ја прехранат фамилијата, да ги платат сметките и да размислуваат за развој на своето семејство. Заради тоа нашата главна порака, нашата главна цел во Програмата на СДСМ ќе биде да се обезбедат повеќе работни места, и за младите, и за сите оние коишто ги немаат, но и тие да обезбедуваат подобри услови, подобри плати и поквалитетен живот.

Една од мерките со којашто сметаме дека тоа ќе се постигне е со враќање на 15% од вкупно платениот ДДВ. Тоа значи дека секој којшто купува во продавница, секој кој ги плаќа сметките, секој којшто купува училишен и школски прибор за своите деца, 15% од сите пари коишто инаку и ги плаќа на државата ќе ги добие назад во семејниот буџет.

Дополнително една од првите мерки којашто ќе ја направиме е да ја зголемиме минималната плата во Македонија веднаш на 12 000 денари. Ќе важи за сите сектори во економијата и сметаме дека на тој начин останатите плати ќе забележат сличен пораст.

Дополнително сметаме дека со 20 до 50 милиони евра од Буџетот којшто ќе ги насочиме кон малите и средни домашни фирми ќе влијаеме на создавање на подобри работни места коишто ќе исплаќаат и поквалитетни и подобри плати за граѓаните на Р.Македонија.

Над 500.000 граѓани во оваа држава живеат под границата на сиромаштија. За да го решиме тој проблем мора да отвараме можности за нови работни места, но работни места коишто ќе нудат шанси за достоинствен живот.

Тоа ќе го направиме по декември, веднаш по промената на оваа себична и неодговорна власт.