ВИДЕО: Македонски пратеници на размена на искуства во Конгресот

Од:

Македонски пратеници на покана на Конгресот, Националниот демократски институт и Меѓународниот републикански институт, се во Вашингтон на размена на искуства со американските колеги за функционирањето на собраниските комисии.

На обука се 6 претседатели на комисии: Илија Димовски и Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ, Реџаиљ Исмаили од ДУИ, Цветанка Иванова и Марјанчо Николов од СДСМ и независната пратеничка Ленче Николовска.

Еве ги нивните размислувања, дадени за Гласот на Америка на македонски јазик, за јавните сослушувања, надзорните расправи, парламентарна демократија и за формирање на
парламентарен институт.