(ВИДЕО) Зоран Заев: Цела Македонија зборува за направеното во Струмица

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, синоќа беше на средба со граѓаните во втора урбана заедница Струмица.

На средбите присуствуваа поголем број граѓани кои му дадоа силна поддршка за третиот градоначалнички мандат, а тој им порача дека делата и се што е сработено досега во Струмица, а што ја прави најдобра во целата држава, се главните аргументи во оваа кампања.

Цела Македонија зборува за делата во Струмица, заради тоа што сите меѓународни институции, сите домашни институции колку и да беа вмроизирани, секоја година потврдуваат прва општина, најдобра општина, најперспективна општина и најдобро место за живеење од сите аспекти. Затоа не ни требаат негативни аспекти на кампањата, премногу дела имаме зад сите нас со кои можеме да се гордееме и со кои можеме да им пристапиме на сите оние кои ги повикуваме да размислат и да донесат одлука за кој ќе го дадат својот глас – рече Зоран Заев, актуелниот градоначалник на Струмица, кој се бори за трет мандат.