Кандидатот за градоначалник на Центар Андреј Жерновски, прес конференцијата денес ја одржа во најстарото урбано маало, населбата Пролет.
Вети зголемување на енергетската ефикасност бидејќи рече високите сметки на граѓаните мора да се намалат. Доколку ја добие поддршката од граѓаните целосно ќе бидат заменети фасадите во населба Пролет. Тоа ќе значи заштеда за граѓаните од 25 до 30%.
На обвинувањата на противкандидатот Тодоровиќ дека води некоректна кампања, Жерновски праша во што е неговата некоректност.
„Тодоровиќ на вработените во општинската администрација им е наложено да обезбедат од пет до десет лица кои ќе гласаат за сегашниот градоначалник. Тодоровиќ ги кани пензионерите на закуска, ова е изборна корупција. Мојот мандат ќе биде чесен и чист мандат за разлика од мандатите на Аларова и Тодоровиќ. Од 24 март урбаната мафија да си најде друга општина“, рече Жерновски.
Катерина Цаневска Арсовска