ВИДЕО: Започнува конвенцијата на СДСМ во Куманово

Од:

Во овие моменти опозицијата се собира во спортската сала во Куманово, и почнува политичката конвенција, точно по два месеци од „црниот понеделник“.

Конвенцијата првично била планирана да се одржи во Домот на културата, но како што велат од СДСМ, поради огромниот интерес на граѓаните, овој собир ќе се одржи во спортската сала во Куманово.

Веќе од следната недела здружената опозиција ќе продолжи со различни форми на протестни активности кои ќе бидат соодветен одговор на, како што велат, неодговорниот однос на режимот.