(ВИДЕО) Заев: Специјалниот обвинител мора веднаш да носи одлуки и обввинителни акти

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги отфрли тврдењата на вМРО-ДПМНЕ дека опозицијата јавно ги давала мандатите, а тајно инсистирала да не и се одземат.

-Појавно и погласно, буквално да се доведете до молење некого да го почитува Уставот и законот и да ги констатира оставките, притисокот беше повеќе од јасен и очевиден во настојчивоста оставките да бидат констатирани, затоа се голи шпекулации и перфидни безобразија дека некој некого тајно го молел да не ги констатира оставките, рече Заев.

Тој повтори доколку до 15 септември не биде избран обвинител тогаш ќе продолжи објавувањето на бомбите. Напрашање на медиумите дали тоа значи дека ќе биде објавен и “Монструм“, Заев кажа дека и тој предмет е во тие што треба да бидат дадени на специјалниот јавен обвинител.

-Ако не биде исполнет договорот до крај, овој дооговр за нас е невалиден, на нови криминални избори нема опозицијата да учествува. Најважна работа е да се вратат инстутциите во нормала, да има демократија. Доколку се случи да нема избор на специјален јавен обвинител до 15 септември ќе се собереме и ќе ја соопштиме нашата одлука како понатаму. Ако нема кому да ги дадеме ние ќе продолжиме да ги соопштуваме во јавноста, рече Заев.

Тој ги отфрли како шпекулавии информациите дека имало барања да нема кривични пријави до изборите.

-До мене нема такви барања стигнато, специјалниот обвинител треба веднаш да дејствува за се, и против Заев и за “Пуч“ и за Груевски и сите инволвирани на високи функции.

Обвинителот веднаш треба да носи одлуки и обвинителни акти, рече Заев.