(ВИДЕО) Заев: Осум години вредно работевме и направивме дела кои ќе ги памети историјата

Од:

„Сакам да знаете дека овој вечерашен рекапитулар од моето работење, од работењето на советниците во Советот на општина Струмица го завршувам гордо, го завршувам со дигната глава и знам дека историјата ќе зборува за тоа што се направило во овие изминатите години“, рече градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на вечерашната промоција на Белата книга во хотелот „Сириус“.

Преку Белата книга граѓаните на Струмица имаат увид каде и за што се трошеле парите и што се е реализирано како плод на договорот и раката што си ја подадоа со градоначалникот Заев пред осум години.

Во периодот 2005 – 2013 година, локалната власт на чело со Зоран Заев има реализирано вкупно 2.360 конкретни проекти, од кои над 1.800 се капитални инвестиции од инфраструктурата и капитални објекти. Вкупната вредност на капиталните инвестиции финансирани од буџетот на општина Струмица со изнесува од 32,5 милиони евра.

Се што е изградено во општината во последните осум години е без ниту еден денар кредит, односно без задолжување на општината и граѓаните. Струмица веќе шест години е меѓу најликвидните и најкапитално интензивните општини, прогласена е за најтранспарентна и има добиено над 150 домашни и меѓународни признанија и награди.

Белата книга ја промовираа Мерсел Биљали и Диме Кокаровски универзитетски професори и Иван Котев фолклорист.

„Мене не ми требаше да ја прочитам Белата книга затоа што многу од тоа знам, сум го видел и посакувам, а најверојатно и вие, оваа оаза, позитивна оаза од се срце да се прошири, оваа болест да се претвори во епидемија од која сите позитивно ќе се разболиме, а можеби и ќе оздравиме.

– Јас исто така би сакал да го позајмиме на централно ниво, вие ќе имате против, но ние ќе имаме корист, јас искрено тоа го посакувам, тоа е во општ интерес на Република Македонија. Конечно потребни се политичари со голем идеал, со големи заслуги, докажани и дај боже да се остварува тоа“, рече Биљали.

DSC_0528

Зборувајќи за Струмица и направеното во неа, Диме Кокаровски рече дека Струмица е бренд, препознатливо место за живеење, а Зоран Заев бренд за економскиот развој во Република Македонија.

За третиот промотор Иван Котев, Белата книга на градоначалникот Зоран Заев е успешна приказна, но се уште недовршена која ќе продолжи и понатаму.