(ВИДЕО) Заев од струмичко: Груевски да си замине од премиерската функција, само така ќе и помогне на Македонија

Од:

По неасфалтираните калливи улички жителите на с. Иловица го прошетаа претсетдателот на СДСМ, Зоран Заев, за да види, како што рекоа тие дека во нивната Иловица одамна времето застанало.

Луѓето овде живеат како во 18ти век, без вода, без струја и без патишта. Се пожалија на тешкиот живот и побараа оваа власт што побрзо да си замине. Тие рекоа дека промените им се потребни како на ,,гладниот-леб и на жедниот-вода“
Од општина Ново Село претседателот Заев порача, дека ништо не е повредно од нашата Македонија.

Груевски нека ја спаси и нека ја прероди нашата земја со своето заминување од премиерската функција. Тој креира лажен свет во кој владее лажна политика. Да им кажеме стоп на лагите и масовно в недела да му кажеме збогум на Груевски и неговите криминали кои ја исцедија државата – рече Заев.

На средбите со граѓаните од Градашорци се разговараше за новите мерки од програмата. Посебно се стави акцент на мерките од областа на земјоделството кои имаат за цел драстично да ги намалат трошоците на земјоделците. Ќе се отворат можности за нови пласмани на земјодлеските производи кои ќе гарантираат повисока цена и сигурен откуп, зборуваше Заев со жителите.

-Додека партијата на власт троши втроглави суми од 1 600 000 евра за станови и куќи на партијата, вашиот тутун скапува во вашите домови. СДСМ се борела и секогаш ќе се бори за фер и правично општество во кое сите граѓани на Македонија имаат фер и еднакви шанси, рече Заев.

Заев во разговор со граѓаните ги слушна проблемите што ги мачат и им вети дека заедно со нив, ќе ги донесе промените во Македонија.

-Македонските земјоделци се најработливиот народ во светот и во исто време најсиромашниот народ во Европа. Во цел свет има недостаток на земјоделски производи, време е да им помогнеме на нашите земјоделци, рече Заев од струмичко.