ВИДЕО: Заев на забава со младите: Почнете да ја славите победата!

Од:

„Зоки, Зоки“, „Победа,победа“-громогласно одекнуваше до раните утрински часови во клубот „Платинум“ во Струмица каде младите му приредија забава за паметење на својот градоначалник Зоран Заев и кандидат за трет мандат. Се дружеа заедно, играа и пееја, во името на досегашната соработка на сите полиња, но и си дадоа збор дека заедно ќе продолжат да ја градат иднината на Струмица како најдобра општина во државата.

„За вас сум со цело срце и душа, секогаш и секаде рамо до рамо ќе се бориме со сите битки и предизвици што ги носи животот“ рече Заев и им порача на младите дека можат да почнат да ја слават победата.

-Имаме право да славиме уште сега. Ударната иницијатива во оваа кампања бевте вие, ви благодарам за прекрасната кампања која на чело со вас ја водевме во секое село и во секое маало во градот. Јас сум среќен човек на завршувањето на кампањата. Вие бевте охрабрувачи на постарите и на сите нас, кандидатите. Сакам да сте горди оти јас се гордеам со вас и вие треба да се гордеете со себе. Во овааа позитивна кампања што ја водевме потврдивме кои сме и какви сме и какви резултати имаме зад нас, додаде Заев.