Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец вечерва ги растераа демонстрантите кои протестираа против промената на името пред Собранието на Република Македонија, а за време на нередите, лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско и знаме со сонцето од Кутлеш се качи на едно од оклопните возила.
Протестот пред Собранието ескалираше откако демонстрантите се обидоа да го поминат полицискиот кордон и да влезат во Собранието. Тие фрлаа со шишиња и факели кон припадниците на полицијата.
Видео: Радио Слободна Европа
