На снимката која се врти на YouTube може да се види како полн камион со црвени топки со испишано име и презиме на кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, стои паркиран пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од кои на сите минувачи им се делат по неколку топки.
Граѓаните кои ни го потврдија овој настан, велат, зарем Арсенчо уште има надеж дека може да победи на овие избори, па цела Крива Паланка знае дека ке изгуби уште во првиот круг, џабе му се и парите и притисоците, уцените, брашното и црвените топки, џабе му е се.
Тие топки нема да ни ги наполнат празните фрижидери и платат огромните сметки, велат револтираните кривопаланчани.
