ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште без услогласен ставови за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски вели дека сè уште не ги усогласиле ставовите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со ставовите на мнозинството пратеници. Според него, тоа е во тек и на амандманска расправа ќе се разгледуваат спорните делови на Законот.

„Има работи кои ги договоривме. Има работи за кои сметаме дека треба да бидат дискутирани. Поднесени се околу 60 амандмани. Гледате дека ВМРО-ДПМНЕ е во Собранието, не можете да обвините дека опозицијата ја запира работата. Преговорите и договорите траат, затоа се поднесени и амандманите“, вели Илиоски.

Пратеникот Илиоски вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има став дека не е принципиелно да се прекинуваат мандати на постоечки раководни тела на институции, односно програмски сојуз на МТВ и Совет на АВМУ.

Кристијан Ландов