Во јавноста започна најпрвин срамежливо, а сега и на големо да се промовира стратегијата на
Владата на СДСМ, во Република Македонијатрајно да се сместат голем број мигрантии бегалци. Владата донесе Стратегија и Акционен план за период од 10 години со кој на мигрантите ќе им обезбеди олеснета постапка за државјнаство, домување преку изградба на згради, станови и цели населби низ Македонија финансирани од буџетот, платени кирии, вработувања, поволни кредити, градинки, школарини…, изјави денеска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Според партијата, хуманитарниот дух на нашата држава која иако е мала и економски кревка, никогаш не бил доведен во прашање. „Тоа сме го потврдиле во многу наврати во блиското и подалечното
минато. Но со овие потези на владата опасно се доведува во прашање демографската, економската и безбедносната состојба на земјата. Ве прашуваме, зошто за клучни прашања а посебно за ова не побаравте одобрување од граѓаните на Македонија? Да, морална обврска е да се помогне на секому кому помош му е потребна, на да не се жртвува квалитетот на живот на сопствените граѓани. Сите сме сведоци
дека држави и економии многу посилни од Македонија имаат огромни потешкотии во интеграцијата на мигрантите во системот. Замислете што ќе се случи кога Македонија ќе се соочи со бројка од 150.000 мигранти кои со сопствени средства треба да ги вдоми, интегрира, образува, здравствено заштити и вработи?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Според нив, кои се гаранциите дека нема да се загрози безбедноста на сограѓаните, нивните работни места,
дека нема да се зголемат даноците и останатите давачки и сето тоа на сметка на наметната од надвор обврска да во предворјето на Европската Унија се задржат мигрантите кои ЕУ не сака да ги прими?
„Силно да ви нагласиме дека граѓаните на Македонија треба секогаш да имаат приоритет во вработувањето, домувањето, социјалната заштита. Ве прашуваме дали во Прилеп треба да се градат 14 згради за мигранти и бегалци од Сирија, Авганистан, Судан и Сомалија? Бараме Владата на СДСМ да ја повлечи оваа несериозна стратегија која економски ќе ја крахира нашата држава и да ги пренамени средствата во Прилеп за граѓаните на Прилеп. Да им помогне на младите брачни двојки, социјално ранливите и семејствата без решено станбено прашање. Да отвори дополнителни места во градинките за дечињата од Прилеп и да помогне
во отворањето на нови работни места. Впрочем одлика на секоја сериозна држава е грижата за
сопствените граѓани да е на прво место. Затоа во име на граѓаните бараме оваа одлука да се преиспита и очекуваме Владата наместо да застапува туѓи конечно да започне да ги штити интересите на сопствените граѓани!“, велат од партискиот огранок.