ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев, Димитров и пратениците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ до Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласаа за овој капитулантски, противуставен и противзаконски договор потпишан со Република Грција, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, согласно член 305 од Кривичниот законик на Република Македонија; Загрозување на независноста, согласно член 308 од Кривичниот законик на Република Македонија; Здружување заради непријателска дејност, согласно член 324 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Македонија; и Злоупотреба на службената положба и овластување, согласно член 353 став 1,2 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија, рече Стоилковски.

Тој додаде дека чинот на договарање на договорот и носењето на законот за ратификација е кршење на повеќе закони, на Уставот и воопшто обид за изигрување на целиот правен систем во Република Македонија, со обид за изигрување на опозицијата, на јавноста и на претседателот.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Јавното Обвинителство и судскиот систем да го надминат стравот, и да работат на зачувување на професионалниот интегритет, и да ги процесуираат пријавите од ВМРО-ДПМНЕ.