(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ негира дека ја прифатила платформата

Од:

Тиранската Платформа е противуставна и нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација и растурање на државата. Тиранската Платформа ја разнебитува државата и од мултиетничка ја претвора во бинационална држава, рече Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти сите тврдења на политичарите од партиите на Албанците, Јовановски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја има отфрлено платформата и дека остро се спротивставиле на нејзиното реализирање.

Според него, СДСМ бега од локални и предвремени парламентарни избори бидејќи ќе изгуби.

– Зоран Заев треба пред граѓаните да излезе со Тиранската Платформа која сака да ја реализира, наместо да им ја подметнува пост изборно како кукавичко јајце. Во спротивно револтот ќе расте и секој ден се повеќе и повеќе граѓани ќе го изразуваат својот гнев од антидржавниот и сервилен однос на Зоран Заев, рече Јовановски.

Тој како и најголем број од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на прес-конференцијата не дозволи новинарски прашања, туку веднаш замина.

Александар Тодески