(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалното раководење на СДСМ најдобро може да го видиме во Општина Центар

Од:

Најнов во низата скандали е вработувањето на синот на Љубомир Фрчовски, Јон Фрчковски во Паркинзи на Општина Центар. Врв на тоа како СДСМ ја подразбира власта е вработувањето на синот на идеологот на црните сценарија на СДСМ. Дури и на членовите на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните. Тој е ставен за Оператор на паркинзи само заради заслугите на неговиот татко кој сопствениот народ го навредуваше, омаловажуваше и го нарекуваше со погрдни зборови во своите колумни и јавни обраќања. Тој е вработен само заради тоа што неговиот татко додека беше министер за внатрешни работи толерираше шверц, неразјаснети убиства, атентати и слично, рече Елена Петковска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

До каде оди лудилото и криминалното раководење на СДСМ најдобро може да видиме во Општина Центар и јавните претпријатија под раководство на партијата. Паркинзи на општина Центар, претпријатие кое се финансира со пари на граѓаните е типичен пример како СДСМ ја замислува и практицира власта. Во ова јавно претпријатие СДСМ ги згиржува сите оние кои го задолжиле криминалното раководење на партијата. Во ПОЦ од неодамна е вработена и Катерина Иванова Бекири, сопруга на Захир Бекири Чауш, член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев кој го креираше криминалниот проект на СДСМ „Фабриката за афери“.