Не сакам да помислам дека една моќна опозициона партија како СДСМ нема да учествува на изборите, кажа претседателот на Собранието, Трајко Вељановски во интервју за Гласот на Америка.
-Се e можно, ако се договори. Но, не е пожелно ниту прикладно, затоа што непочитување на еден договор, остава простор за непочитување на сите идни понатамошни договори. А непочитување е и датумот кој е договорен и ставен е потписот од четворицата лидери на политички партии, вели првиот парламентарец.
Тој ја оцени актуелната состојба како вид на политичко тактизирање и изрази надеж дека на 24-ти април, како што кажа, граѓаните ќе го кажат последниот збор во кој правец треба да оди Македонија. Судот од народот треба да го почитуваат сите – и поразените и победниците на изборите, заклучи Вељаноски во разговорот на Гласот на Америка.
