(ВИДЕО) Велјановски: Ветија економска преродба, добивме економски колапс

Од:

На вечерашниот уличен протест на отпорот во Битола говорници беа пратеникот на СДСМ, Митре Велјановски и Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

Во 2006 година портокаловите дојдоа на крилата на преродбата. Го уверуваа македонскиот народ дека се европски политичари, реформатори, патриоти, демократи. Ајде со јазикот на разумот, да видиме што за овие црни 7 години власт тие направија. Ветија 8 милијарди евра, а 2012 година ја завршија со бедни 44 милиони евра. Ветија економска преродба, добивме економски колапс. 17 месеци паѓа индустриското производство, 17 месеци по ред паѓа извозот. Треба ли уште аргументи кога народот ни трпи за леб. Која иронија, кое лицемерие – истакна Велјановски.

Наши сограѓани посегнуваат по сопствениот живот оти не можат да си ги платат сметките. На кое дереџе ја донесоа Македонија овие бездушници, праша пратеникот на СДСМ.