Пред прилепчани, вечерва говореше пратеникот од Охрид, Митре Вељаноски .
Злото Никола Груевски, рече, ќе заврши
„Седум години џигерите ни ги извадија, тие биле патриотитите, а ние предавниците. Патриотот Никола Груевски имаше пари да одбележи 100 години од туѓа држава со туѓи знамиња, а немаше пари да одбележи 70 години од изведувањето на македонската химна. И кога други држави кај нас одбележуваа јубилеи, пастирот Груевски беше во странство. Од овие изроди и предавници се превртуваат основачите на ВМРО. Овие предавници ги испоганија светите букви ВМРО“, рече Вељаноски.