(ВИДЕО) Трајановски: Началникот ли да го гони јавен обвинител со кој одеше на бал во Шуто Оризари?

Од:

Ја поддржувам здружената опозиција за рушење на овој режим. Не сме саде ние и не сме саде тука, рече активистот за човекови права, Жарко Трајановски, кој вечерва им се обрати на граѓаните во кампот на „Граѓаните за Македонија“ пред Владата.


Информации за нас, рече тој, стигаат до највисоките тела на Обединетите нации каде се разговараше за аферата прислушување, за тоа што власта се обиде антивладините протести да ги задуши со сила. ОН побара да се истражат наводите за изборни измами и нарушување на човековите права, кои и беа обелоденети на јавноста преку опозиционите бомби.

– Но кој ќе ја спроведе таа истрага? Јавното обвинителство, кое треба да биде контролор на оваа власт? Дали Јавното обвинителство ќе го контролира поранешниот началник, или заедно ќе одат на бал во Шуто Оризари? На една маса таму беа седнати министер, градоначалник на општина, парламентарец, директор на УБК, јавен обвинител и сопственик на телевизија. Нашите барање не се за кој да дојде на власт, туку да се создада услови за фер и демократски избори на кои партиите ќе можат да се натпреваруваат – рече Трајановски.
Тој додаде дека човековите права се прекршувале и во претходниот мандат пред владејачакта гарнитура да дојде на власт, но кршењето на правата, демократските процедури и уставот, посочи, денес е десет пати поприсутно отколку тогаш.
– Никогаш претходно не се случило од Собранието како партали да бидат избркани пратениците, претставниците на народот и новинарите. Никогаш претходно не се случило партија да дислоцира студенти од плоштад кои дошле на мирен протест затоа што не се согласувале со изградба на црква. Никогаш претходно не се случило некој кој поддржува партија да биде усмртен на плоштад – посочи тој.