(ВИДЕО) Томевски: Опожарени беа три простории во Министерството за правда

Од:

Командирот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, по гасењето на пожарот во Министерството за правда изјави дека биле опожарени три простории на четвртиот кат, а бригадата интервенирала со 11 возила и 25 пожарникари при гасењето на пожарот.

Томевски образложи дека се работело на целосно гасње на огнот од две страни, а пожарот бил ставен за брзо под контрола и покрај комплексноста на објектот.