Со десетината причини и оправдувања жителите на Тимјаник еден час се убедуваа себе си, а и министерката Мила Царовска дека децата со попреченост не е добро да се носат во нивното село, но со сигурност ја убедија целата јавност во лажната гостољубивост и очигледното лицемерие.
Пораката што ја испратија од селото е јасна – жителите не сакаат различни од нив.
Тимјаник е село со 1000 жители со право на глас. Само 25 деца се за во градинка, а 60 деца одат во училиштето во Тимјаник до петто одделение.
Жителите сепак свесни за нивните ставови, се обидуваа да ги оправдаат и пред себе и пред другите, но несвесни дека искажаа дека немаат разбирање за различните од себе.
-Не одговара локација во истиот двор има училиште. Не знаеме што ќе има, за да не виде таа работа протестираме, сакаме градинка тука да има.
-Дали овој објект одговара за тие деца, како затвор е, десет час нема вода дневно. Денеска има вода зашто министерката ќе дојде, рече еден од жителите.
-Нема против ништо, ама еве секој саат сте овде, дали ќе ви одговара тоа дете да го гледате затворено тука, гревота се и тие деца да ги затворат овде. Не е точно дека не ги сакаме.
– На сред село да нема такви луѓе, нека има луѓе какви што треба. Сега за три деца, а после за колку ќе стане збор?
– Зошто тука во центарот ни ги носат? Јас мислам дека нема услови за тука.
– Тоа се мали деца, срамота е да ги гледаат нив тука. Мали деца се, стресна ситуација ќе биде за тоа дете..
– Тие деца се нездрави, тие работат се и се што, се соблекуваат голи, како тоа дете кога ќе испадне, ќе се соблече голо, а ние што ќе правиме?
– Ние не сме против, само тука да не дојде.
– Има му даваат инјекција, ако не му дадат на време тоа дете паѓа, беа дело од ставовите на жителите на Тимјнаик.
– Министерката им даде една недела да го сменат мислењето, по што повторно ќе оди во селото.